Четврток во црно-бела комбинација
•
22 февруари 2018
Нашиот денешен предлог е една дамска комбинација во црно-бели нијанси. Се одлучивме за црн фустан со бели точки. Фустанеот е со долги ракави, истакната половина и се закопчува во предниот дел.
Го комбинираме со црни чевли на врзување и елегантен бел капут, украсен со црни копчиња и црн паспул.
На тоа додаваме и црно-бела чанта. Ако сте посмели, можете да изборот на модните додатоци да го смените во некоја поинтензивна боја и со тоа стајлингот да го направите уште повпечатлив.
Ние секако ви посакуваме убав ден!