Фустаните од париската модна недела како инспирација за свечен изглед

9 март 2018

Париската модна недела, секогаш предизвикува посебно внимание, со оглед на тоа дека токму тука своите нови колекции ги промовираат дел од најзначајните имиња во светската модна индустрија.

Со ревијата на Луј Витон во Лувр, се заокружи уште едно атрактивно издание на оваа модна недела, а од се она што беше прикажано во нејзини рамки, има сериозен избор на елегантни фустани изведени во различни верзии, што може да послужат како инспирација за свечен изглед за некоја ваша претстојна свеченост.

Направивме избор на неколку естетски различни свечени фустани од ревиите на Луј Витон, Шанел, Валентино, Александар Меквин, Проенза Скулер, Сен Лоран... Од такви со едноставна и смирена линија и суптилен дизајн до драматични, со артистичен предзнак.

Фото извор: Vogue.co.uk

 

Објавено:
9 март 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.264 пати