Сабота е време за одмор, релаксација, средба со пријателите, прошетка со партнерот, или што и да е друго, а ве весели и ви внесува позитивна енергија.

Ние овој пат се одлучивме за една лежерна комбинација. Во фокусот е бело фустанче на риги, кое го комбинираме со светла тексасна јакна.

На тоа додаваме патики со принт, исто така во риги, а во предниот дел се збогатени и со машничка.

На крајот, комбинацијата ја заокружуваме со светлосино ранче, очила за сонце и светлосина марама.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
17 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
589 пати