Среда во џинс
•
18 април 2018
На средина од работната недела, одлучивме да се опуштиме малку и да ви предложиме една лежерна комбинација во која доминира џинсот.
Денес носиме т.н. искинати фармерки, кои ги комбинираме со кошулка на риги. Освен принтот, ова парче е интересно и несекојдневно поради ѕвонестите ракави и панделките во средишниот дел.
На крајот додаваме сини балетанки на врзување, тексасна чанта и очила за сонце.
Иако на фотографијата ја нема, можете да додадете на сето ова и тексасна јакна.
Имајте убав ден!