Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер му посакаа добредојде на синот Лука

19 март 2018

Познатата спортска двојка Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер викендов имаше причина за славење. Тие вчера му посакаа добредојде на синот, кој го доби името Лука.

Тенисерката се породи во болница во Чикаго, а како пренесуваат странските медиуми, Бастијан постојано бил присутен за време на породувањето и ѝ ја давал потребната поддршка.

 

A post shared by Ana Ivanovic (@anaivanovic) onMar 18, 2018 at 5:01pm PDT

Ивановиќ сподели и фотографија на својот Инстаграм профил од собата на бебето, изразувајќи ја среќата за доаѓањето на Лука.

Својата радост ја сподели и Швајнштајгер.

„Добредојде на нашето мало момче. Многу сме среќни“, гласи пораката на фудбалерот.

Убавите моменти се споделени со најблиските членови на двете семејства.

Двојката и новиот член на семејството ќе останат да живеат во куќата во која Ана и Бастијан живеат веќе извесно време. Се работи за пентхаус кој се простира на 230 квадрати, а во медиумтие пред неколку месеци осамнаа фотографии како изгледа внатрешноста:

 

 

>

 

>

 

 

 

 

 

>

 

 

 

Објавено:
19 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.097 пати