Наскоро ќе го гледаме Антонио Бандерас во улога на Пикасо

4 април 2018

Мрежата „Нешнал Џеографик“ повторно успева да го привлече вниманието на публиката. После првата сезона на серијалот „Genius (Гениј)“ со Џефри Раш во улога на Алберт Ајнштајн, следува нова сезона за Пикасо, а ќе го толкува Антонио Бандерас.

Актерот за потребите на снимањето ги отстрани веѓите, со што привлече уште поголемо внимание. Премиерата е закажана за 24. април на „Нешенал Џеографик“.

Повторно се работи за 10 епизони низ кои ќе биде прикажан животот на големиот уметник, од младоста и сиромашните денови, сè до деновите на најголем успех.

Од мрежата велат дека се работи за потрадиционален приказ на животот на Пикасо, а со оглед дека со Бандерас го делат родното место (Малага), изборот на актерот бил логичен. Задоволството што него му припаднал предизвикот да се најде во “кожата“ на врвниот уметник не ја крие ниту Антонио.

Имајќи го предвид податокот дека првата сезона од серијалот имаше 10 номинации „Еми“ и 10 награди, со што стана најсупешна нова серија на мрежата со преку 45 милиони гледачи, очекувањата за втората сезона се големи.

Во продолжение погледнете ја најавата:

Објавено:
4 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
465 пати