Лесли Биб или Џоан Смолс?
•
12 април 2018
Актерката Лесли Биб и моделот Џоан Смолс се во денешниот стилски двобој. И двете во различни периоди се појавија во иста креација.
Се работи за комбинезон и палто во црвена боја од дизајнерката Памела Ролад. Комбинезонот во горниот дел е корсетски изведен, што го прави уште повпечатлив.
Не само што носат иста креација, туку и двете ја стилизирале со сандали и модни додатоци во златна нијанса. Единствената разлика е во нивните фризури.
Лесли има собрана коса, додека Џоан долги плетенки.
На која подобро ѝ стои оваа впечатлива комбинација?