Семеен портрет по повод роденденот на Викторија Бекам

18 април 2018

По повод својот 44-ти роденден, славната дизајнерка Викторија Бекам објави симпатична семејна фотографија со своите четири деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер.

На оваа фотографија недостасува Дејвид кој веројатно е зад камерата. Но, затоа пак, покрај оваа фотографија, Викторија на својот Инстаграм профил објави уште една, овојпат со нејзиниот сопруг, а ја надополни со емотивна порака: Те сакам многу Дејвид Бекам. Ти благодарам што го направи мојот роденден толку посебен. Перфектен ден!

За неполн ден, овие фотографии на Инстаграм собраа над 1 милион лајкови.

Со овие фотографии, Викторија сподели со јавноста дека роденденот го поминала во релаксирачки амбиент со своето семејство.

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
18 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
953 пати