Патиките на полна пета се нов есенски хит

4 септември 2013

Покрај стандардната палета на бои, американскиот бренд се одлучи за изработка на два поедноставни елегантни модели, со леопардов принт и црно – бела комбинација.

Кога во 1966 година, Пол Ван Дорен го основа Van Doren Rubber Company, не ни претпоставуваше дека неговиот модел на платнени патики ќе стане апсолутен хит помеѓу сурферите во Америка. Денес Ванс нуди богат асортиман на патики, облека и прибор за сите оние кои се занимаваат со екстремни спортови. Добриот имиџ на брендот доведе до градењето на статус на еден од првите имиња во светската  субкултура.

Објавено:
4 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци