Апостолките се враќаат на голема врата!

21 јуни 2018

Веројатно никогаш и не излегле од мода, но ако досега ги носевме само на плажа, летово без проблем ги вметнуваме во секоја комбинација.

Минатата недела, познатата француска новинарка и Инстаграм сензација Софи Фонтанел, нејзината комбинација составена од маичка од Ив Сен Лоран, Селин здолниште, Луј Витон очила и Диор чанта, ја украси со едноставни апостолки.

„Ги носев кога бев дете и некако ја зачував таа навика. Со оглед на тоа што тие се наједноставните обувки било кога направени, совршени се за со маичка и џинс. Ми се допаѓаат“, вели таа за Вог.

Оваа сезона апостолките можеме да ги видиме и надвор од улиците, односно на ревиите. На прикажувањето на летната колекција за 2018, Мајкл Корс парчињата ги надополни со црно – бели апостолки, а истото го направи и Исабел Марант со тоа што им даде малку романтична нота со свилените ленти.

Овие неверојатно удобни обувки се омилените летово и на вработените во Вог, кои исто така обожаваат да ги комбинираат со широки фармерки и винтиџ блузички.

За истите ќе кажат дека се обувки со кои сте тотално кул, без да се трудите да бидете тоа. Дополнително, истите се едни од омилените на девојките и поради нивната супер цена и достапност во било која блиска продавница.

Извор: Vogue

Фото: Vogue, Pinterest

Објавено:
21 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
736 пати