Потрагата по совршените сандали за ова лето е веќе во тек. Сакаме нешто што ќе одговара со сè, ќе се носи во разни прилики и ќе биде доволно ин и комотно.
Сезонава ќе гледаме различни модели, некои безвременски парчиња, но и нови тренди сандали како рибарскиот модел.
Дизајни и бои за сечиј вкус, од минималистички, до сандали за похрабрите модни ентузијасти.
Што ќе гледаме ова лето?
Апостолки
Иако долго време се сметаа дека се модел исклучиво за на плажа, годинава апостолките добиваат еден стилски момент достоен за секоја дама.
Сандали на платформа
Одлични се за вечерно излегување и се летна алтернатива на високите потпетици, кога сакате да додадете доза на сексапил.
Рибарски сандали
Овој модел можеби ќе биде најголемиот тренд сезонава. Не потсетуваат на детството и можеби затоа летово ќе ги гледаме насекаде.
Минималистички сандали
Љубителите на минимализмот сигурно ќе го преферираат овој тренд, со кој што стапалото е речиси голо.
Сандали со ремчиња
Сандалите со ремчиња исто така ќе бидат избор на многумина. Ги има во разни варијации и бои и одлично прилегаат за вечерни моменти.
Сандали – влечки
Тие се можеби најлесни за облекување и носење, а особено ќе бидат искористени во долгите летни денови, кога ни е потребен комфор покрај елеганцијата.
Фото:Pinterest