Какви чевли се совршени за жени со големи стапала

27 март 2014

shoeper-shoe4-challenge

Неодамнешно истражување покажа дека жените на своето тело најмногу сакаат да ги сменат надлактиците и стапалата, односно нивната големите. Ако сте во групата жени чиј број на чевли на надминува 40-ката, дознајте како со одбирање на соодветниот модел на чевли и сандали можете визуелно да го намалите стапалото.

Висина на потпетица

60930833

-Иако во нив чекорењето знае да биде потешко, високите потпетици се инстант издолжувач на нозе, а воедно и стапалата изгледаат помали. Благодарение на трендовите кои не' потсетуваат на лудите 1970-ти, постојат многу поудобни модели, кои се варијација на тема. Така, платформите, односно полните пети се совршени и имаат еднаков ефект, а се многу полесни за чекорење. Слично е и со чевлите со гломазна потпетица, кои се моментален тренд.

 Облик на чевли

60930834

Иако шпицестите чевли се вратија во голем стил, овој модел не е препорачлив за оние чии стапала ја надминуваат големината 40. Особено ако се работи за рамен модел како балетанки или мокасини. Ако сакате да изгледате елегантно, бирајте ги заоблените модели, кои ја следат линијата на ножните прсти. Предлог се едноставни балетанки. За секојдневни варијанти, одберете платнени патики или оние со повисок ѓон.

Боја

60930828

И додека жените со наглассени колкови треба да ги избегнуваат панталоните во светли бои и впечатливи украси или принтови, истото правило важи и за големите стапала. Црната боја и во овој случај е ваш сојузник, но тоа во никој случај не значи дека не смеете да си поиграте со боите. Освен сивата и смеѓата побарајте чевли и во смирена варијанта на црвена, зелена, виолетова или сина, особено популарни оваа година. Избегнувајте ги пастелните бои затоа што тие дополнително ќе го нагласат стапалото.

Сандали

60930831

Сандалите кои откриваат малку повеќе кожа се мошне елегантни и тренди, но не им ласкаат на големите стапала. Истото важи и за апостолките како и оние обувки со ременчиња распоредени по должината стапалото. Со оглед на тоа дека римјанките повторно се ин, побарајте модел со густо распоредени ременчиња. Или чевли кои се малку отворени кај пристите. Сандали со отворени прсти не се добар избор. Доколку напред се затворени, може да дојдат во обѕир, но да го покријат коренот на ножните прсти. Што се однесува до елеганите салонки, одлучете се за оние со отворена пета и со мал отвор на палецот.

60930832

60930830

Објавено:
27 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци