Кои пролетни трендови на чевли ќе владеат нa градските улици?

31 јануари 2014

 

Линијата за избор на најтрендовските парчиња и додатоци кои ќе бидат актуелни претстојнава пролетна сезона е навистина тенка. За пролетен шопинг е сѐ уште рано бидејќи имаме уште еден зимски месец кој треба да го испратиме, но сепак не ретко се случува колекциите и моделите да бидат и предвреме распродадени, нешто што дефинитивно ќе ве разочара. Но не треба, пак, слепо само да купувате без претходно соодветно направена листа на модни додатоци и облека кои ќе ј одбележат сезоната, а кои можеби ќе му соодвестуваат на вашиот стил.

Во контекст на ова ние направивме неколку истражувања врз основа на она што беше презентирано на модните недели, за да ги утврдиме модните постулати кои ќе ги одредат пролетните тенденции. Во продолжение еве кои пет тренда ќе бидат најпопуларни во изборот на чевли.

 

 

 

Софистицираните шпицести салонки отсекогаш биле симбол за добро средена, професионална жена.  Наместо класичниот изглед новите пролетни модели се украсени со тенки ремчиња на глуждот и долж стапалото. Наликуваат на специјалните обувки кои ги носат танчерките на латино и стандардни танци, но без отвор напред и потенка, издолжена потпетица. Секси и моќен дизајн на кондури, со чиста линија и едноставен изглед.

 

Роланд Мурет Роланд Мурет

 

После парадата на обувки кои можевме да ги видиме на пистите, можеби најдобро е оваа пролет да шетаме боси по улиците? Новиот модел на чевли кои ќе ја „тресат“ оваа пролет се оние што личат на чизми до глужд и имаат аплицирано мрежести делови изработени од пластични, кожени, металик или памучни материјали. Изгледаат шик и тренди, а нивната полна потпетица воопшто нема да ги уморува стапалата, ќе се чувствувате удобно и модерно.

 

Балман Балман

 

До сега „bootie“ чевлите ги носеа само храбрите жени и девојки, бидејќи овие модели беа окарактеризирани како премногу нападни и нестилски дизајни. Но, и овој пат дизајнерите докажаа дека таа констатација е чиста заблуда. Чевлите кои ја надминуваат линијата над глуждот од ногата изгледаат прекрасно. Тие ја стегаат и издолжуваат ногата, а се и мошне удобни. Креаторите по малку контрадикторни во изборот на материјали, иако е пролет,кожата без разлика дали е превртена или обработена е водечката ткаенина за изработка на ваков дизајн. Предниот дел е отворен, за да можат да се видат прстите, потпетиците се високи, а изгледот е украсен со испреплетени ремчиња, со масивни токи и врвци.

 

БЦБГ Макс Азрија БЦБГ Макс Азрија

 

Ретро изгледот на кломпи ова година се трансформираше во ултра модерни обувки кои без сомнение ќе бидат едни од најпосакуваните. Напред затворени во шпиц стил, а назад отворени со неверојатно креативни изгледи на потпетици. Поинакво модно доживување кое ќе внесе нов пролетен бран во вашиот чекор.

 

Џени Кејн Џени Кејн

 

Како последни на листата се рангирани спортските сандали или обувки, кои направија вистински бум на пистите и верувале или не, го привлекоа најголемото внимание. Колоритни, оригинални, рамни и неверојатно удобни. Вистински избор со кој полесно ќе ги освојувате предизвиците на секојдневието.

 

Томи Хилфигер Томи Хилфигер

 

Во продолжение видете ги сите модели во галеријата:

Објавено:
31 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци