Модниот свет во Њујорк се врти околу „малите“ модни додатоци

14 февруари 2014

Сосема очекувано, дизајнерите на Модната недела во Њујорк во голем дел од своите колекции се посветиле на финиширањето со одлични аксесоари кои впрочем често пати се главната поента во доловувањето на уникатноста. Некои од дизајнерите за инспирацијата за модните додатоци направиле ретро чекор наназад во модната историја, а другите визионерски погледнале кон иднината создавајќи футуристички изглед.

 

Марк Џејкобс Марк Џејкобс

 

Марк Џејкобс На вториот моден перформанс кој ни го приготви едно од најеминетните имиња помеѓу дизајнерите, Марк Џејкобс најзабележителни беа чизмите изработени од луксузно крзно на визон и периките кои ги носеа моделите, а беа прицврстени со ленти за коса, за да се даде фокус на лицето и помалку необичната шминка.

 

Ралф Лорен Ралф Лорен

 

Ралф Лорен Овој моден гигант реши да презентира интензивна силуета на ретро дива преку индијански мотиви. Ранецот изработен од Навахо ќебе во колоритни нијанси и традиционални племенски шари беше центар на внимание, но забележителни беа и беретките, сандалите со ремче околу глужд и специфичните метални и кожени ремени.

 

Жил Мендел Жил Мендел

 

Жил Мендел Доколку сакате да изненадите со необични миксови на боја и текстура во комбинација со крзно, тогаш ваш дефинитивен избор би бил капутот во колор-блок дезен со масивно-пуфкасто крзно околу вратот на Мендел. За да се долови силуетата капутите се стегнати со едноставни ремени околу половината.

 

Проенза Скулер Проенза Скулер

 

Проенза Скулер Техно-поп експлозија на отпечатоци и дезени чии примеси резултираат со неверојатна енергија на апстракција, обоен хумор и основен инстинкт. Рамни оксфорд чевли со испреплетени ленти, гламурозни форми на масивни прстени, плик чанти и фризура со патец на страна, ја откриваат силната женска интуиција и доминантност.

 

Дерек Лам Дерек Лам

 

Дерек Лам Инвентивна комбинација на креации и крзнени шапки со нагласен тап врв и лаковани чизми. Едноставно, моќно и забележително.

 

Филип Лим Филип Лим

 

Филип Лим Чантите со хумористични зборови се наменети за ултра забавни и љубопитни девојки и жени. Создадени се за инстантно привлекување внимание.

 

Александар Ванг Александар Ванг

 

Александар Ванг Војничкиот стил на Ванг особено дојде до израз преку мулти функционалниот комплет на чанти. Високите чизми над колена со штитници за истите и мат металик материјал во долниот дел околу глуждот се природна дефиниција на стил кој е заштитен знак на овој дизајнер. Мокрите залижани кратки фризури со патец на страна во вид на шапки само ја нагласуваат машката страна на изгледите.

 

Алтузара Алтузара

 

Алтузара Филип Кранги, повторно дизајнираше уникатни парчиња накит со елегантна нота кој ги надополнија креациите на оваа модна куќа. Ѓердани со графички форми и облици, но и софистицирани рачни изработки кои совршено се вклопија со темата на колекцијата.

 

Ана Суи Ана Суи

 

Ана Суи Далечниот исток во Њујорк реши да го донесе Ана Суи. Нејзин највпечатлив моден додаток на писта беа чизмите до колена со врвци, футуристичкиот марсовски дизајн на очила за сонце и впечатливите долги масивни ѓердани изработени од материјали и метални додатоци, на кои главна одлика им беа ресите.

 

БЦБГ Макс Азрија БЦБГ Макс Азрија

 

БЦБГ Макс Азрија Оваа модна куќа не врати во 50-тите години кога грејачот за раце или маф беше главен моден додаток без кој ниту една дама не излегуваше од дома. Високите чизми до колена беа комбинирани со плик чанти со реси.

 

Бенд оф Аутсајдерс Бенд оф Аутсајдерс

 

Бенд оф Аутсајдерс Очилата за сонце кои беа актуелни во 60-тите под називот „панто“, повторно се вратија во мода. Бенд оф Аутсајдерс покрај спортскиот стил кој целосно го нагласи преку бушаво крзнените блузи со принт од масивна бројка, машките чевли и високо дигнатите чорапи до глужд, реши со „панто“ очилата да ја заокружи својата модна приказна.

 

Каролина Херера Каролина Херера

 

Каролина Херера Модната дизајнерка Каролина Херера прикажа мошне уникатен пристап кон модниот израз. „Дамскиот изглед пред се“ беше заштитната референца на презентираната линија. Ракавици, обувки со ремчиња, необични очила за сонце и модели кои потсетуваа на 50-тите и 60-тите години, крунисани со фесови на главата, се главните реквизити кои треба да ги поседува секоја жена за да изгледа софистицирано, елегантно и дамски.

 

Coach Coach

 

Coach Оваа модна етикета смета дека федора шапките со специфичен пердув од страната треба да останат актуелни и наредната студена сезона, во комбинација со чанти со реси во џипси стил кои варираат со големината, некои се носат преку рамо, а некои во рака и чевли со рамна платформа за вистинско зимско модно уживање.

 

Келвин Клајн Келвин Клајн

 

Келвин Клајн Мошне карактеристични модни визии во урбан џипси стил, комбинирани со чевли слични на популарните мартинки изработени од превртена високо квалитетна кожа. Обувките дефинитивно го привлекоа вниманието на присутните, пред се поради изгледот но и поради начинот на комбинирање со модните парчиња.

 

Џереми Скот Џереми Скот

 

Џереми Скот Соработката на Скот со спортската компанија Адидас, направи вистинска револуција на модната писта со спортските „патики“ на потпетици кои како се движат нагоре по ногата се делат на три дела и сите три дела наликуваат на штитници за нозе кои се прицврстени со врвци. Кој ќе биде доволно храбар да го следи овој невообичаен тренд?

 

Rag and Bone Rag and Bone

 

Rag & Bone Овој моден бренд својата оригиналност ја истакна преку промоцијата на плетени чанти. Скоро никој од дизајнерите не се реши на ваков чекор, но оваа етикета изненади со сосема невообичаен и различен концепт. Плетените чанти од волна и вуница ќе бидат главната тенденција оваа зима.

Објавено:
14 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци