Таканаречениот рибарски шешир одамна не е само практичен додаток за заштита од сонце. Тој дава печат на стајлингот и тренд вајб, којшто во деновите што следат, ќе го гледаме се почесто.

Во топлите месеци до израз ќе дојдат вибрантните бои, а модните детали само ќе ја разиграат секоја комбинација.

Рибарскиот шешир можеме да го комбинираме буквално со што сакаме и не мора да чекаме лето за да го носиме.

Во модниот израз голема улога играат додатоците, па затоа слободно вклучете го ова парче во вашиот дневен стајлинг.

Монохроматскиот рибарски шешир може да го споите со повеќебојна комбинација, а ако се одлучите за шарен, тогаш стилизирајте го со минималистички аутфит.

 Фото: Pinterest

Објавено:
10 април 2023
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
582 пати