За практичен, но истовремено и впечатлив изглед на плажа, инспирација побаравме во летниот плакар на дваесетгодишната модна блогерка Кристина Базар која го потпишува модниот блог Kayture. Покрај големиот избор на летни изгледи кои ги најдовме на нејзиниот блог, најмногу вниманието ни го привлече токму овој едноставен, а сепак многу ефективен стајлинг.
Задолжителниот летен сламен шешир во оваа варијанта е доукрасен со „прстен“ од нитни со што се надополнува со мини ранецот, кој како и шеширот е во црна боја, странично порабен со синџири. Изборот на шорцеви е тотално шик и тренди: странични шлицови и апстрактен принт, додека горниот дел е со длабок V израз и голи рамена. Накитот е суптилен и сведен на минимум, што впрочем е и препорачливо кога го комплетирате вашиот стајлинг за плажа.