Во овој период од годината секогаш бараме решение како да направиме баланс помеѓу удобната, пријатна и лесна облека, а од друга страна на го занемариме уникатниот и стилски изглед.
Затоа внимателно селектирајте ги парчињата што ги комбинирате во вашиот летен аутфит. Одбирајте природни материјали, светли бои и одбегнувајте премногу накит.
Едно супер тренди парче кое е идеално за стилско лето, се здолништата и фустаните со висок шлиц.
Совршено се комбинираат со топови со голи рамена, маички по кратки ракави или транспарентни кошули. Во уличната мода се актуелни и кошула-фустаните со високи странични шлицови што идеално се спојуваат со кратки џинс шорцеви и се совршено решение и за журка на плажа.
Во продолжение ве инспирираме со неколку интересни стилски решенија што вклучуваат здолништа или фустани со шлиц.