Совети како да ги сокриете проблематичните делови на своето тело

15 јули 2013

Сите имаме помалку или повеќе видливи физички недостатоци, но секогаш постојат мали трикови како да се справите со нив. Ние ги имаме можните решенија за вашите проблеми. Еве како со помош на вистинскиот избор на парчиња облека и модни додатоци ќе можете да го скриете она со што не се гордеете.

 

 

Опуштен стомак

Ако мислите дека стомакот е вашиот проблематичен дел од телото, тогаш решението е едноставно, носете фустани и здолништа со висок струк.  Друга можност е комбинирање на ремени околу струкот, носење на долги ѓердани или пак марами кои паѓаат лежерно кон вашата половина. Секогаш одбирајте големи чанти кои ќе ги носите на подлактницата или помали чантички кои ќе ги носите преку рамото.Ввниманието од другите ќе биде вперено кон вашите чанти, а стомакот никој нема ни да го забележи.

 

 

Опуштени раце

Темните бои се идеално решение за да ги прикриете диспропорциите на вашето тело. Ако имате широки колкови или струк во однос на другите делови од телото, тогаш избегнувајте ги ремените. За опуштени надлактици, избегнувајте блузи со дебели прерамки или блузи и кошули со пуфкасти ракави. Убаво деколте, или украсен ѓердан ќе го одвлечат вниманието во сосема друг правец, а вас нема да ви биде неугодно заради вашиот недостаток.

 

 

Високо чело

Ако имате високо чело, тогаш шапките, капчињата и лентите за коса се вашите најголеми адути. Друго решение за овој недостаток е и носењето шишки на страна. Стилистите беа децидни дека  боб фризурата со шишки на страна е вистински летен хит.

 

 

Широки колкови

Ако имате широки кокови, никогаш немојте да носите ремен на фармерките. Фармерките со висок струк и фустаните во А-крој ќе помогнат за да ги скриете одвиснатите „перничиња“ од страната. Исто така, можете да носите фустани кои лежерно паѓаат од струкот надоле.

 

 

Краток врат

Краткиот врат е една диспропорционалностите кај повеќето жени. Одговорот е носење на долги обетки, како би постигнале ефект на уоквирено лице, кое би створило илузија на подолг врат. „V“ и „U“ изразите на блузите и маичките, исто така креираат визија на видно издолжен врат, а ако на сето тоа додадете и ѓердан со впечатлив приврзок, тогаш ќе изгледате навистина смело и урбано. Можете да ставите и марами околу вратот кои нежно ќе паѓаат кон вашиот струк.

 

 

Подбрадок

Доколку имате проблем со подбрадок, никако немојте да носите кратки ѓердани околу вратот, туку секогаш гледајте парчињата накит да бидат долги. Деколтето или расцепот на горниот дел од облеката треба секогаш да биде пошироко или подолго, за да овозможи илузија на совршено дефинирана брада.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
15 јули 2013
Категорија: 
Направи сам