Must have: Уникатни шорцеви со карнери за стилско лето!

3 јули 2020

Високите летни температури не се изговор да го занемариме нашиот стил.

Напротив, во актуелната летна линија на нашиот моден бренд Елена Лука изборот на уникатни, а истовремено совршено пријатни дизајнерски парчиња, е фантастичен, па може да си направите ултра модерни комбинации во кои ќе оставите незаменлив стилски печат ова лето.

Нашиот денешен предлог MUST HAVE се кратки шорцеви со карнери, во впечатлива комбинација од сина и сива нијанса, во широк крој. Изработени се од префинет, висококвалитетен материјал, а лесно може да ги комбинирате и во спортски и во женствени стилски изданија.

Во нашиот денешен аутфит, шорцевите ги комбиниравме со исто толку тренди горен дел во нежно сина боја, со карнери и голи рамена – шик стилска целина која може да ја надополините со патики или сандали на ниска или повисока потпетица.

Комплетот може да го најдете во онлајн продажба на е-продавницата на Елена Лука.

Уживајте во летното, онлајн шопинг искуство!

Објавено:
3 јули 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
592 пати