Ремен - клучен моден додаток за секој фустан
•
8 март 2023
Ременот покрај тоа што е практичен, тој е и одличен моден додаток. Штом ќе го вклучите во вашиот аутфит, добивате автентичност на стилот.
Неговата декоративна функција може да биде разнолика во зависност од останатите парчиња што сте ги одбрале.
Денес ќе му посветиме малку внимание на ременот во комбинација со фустан. Долг, краток, шарен или монохроматски, секој дезен добро се сложува со ремен.
Доколку одберете еднобојна варијанта искомбинирајте ја со впечатлив каиш, а ако сте за разнобоен фустан тогаш ременот нека има поедноставен израз.
За да ви го олесниме малку стилизирањето, подготвивме неколку комбинации.
Фото: Pinterest