Што да носите на пролетна свеченост? Имаме неколку идеи за вас

31 мај 2021

Како што ги намалија рестриктивните мерки за зашитита од Ковид-19, така започнаа и плановите за разни свечености.

Одамна никој од нас не бил на настан од сличен тип, па доколку добивте покана за некој таков, веруваме дека се прашавте што да облечете.

Ние ќе ви го олесниме одговорот.

Пронајдовме неколку уникатни и интересни модели од модната куќа Елена Лука, кои ние би сакале да ги имаме во гардероберот, а ви ги презентираме во продолжение:

Мал црн фустан

фустан: 12.000 денари; сандали: 2.600 денари; чанта: 3.150 денари;

Задолжително парче во гардероберот на сечија жена. Овој на едно рамо, со голема панделка ни се допадна бидејќи изгледа свечено и впечатливо, а нема премногу детали на него. Сепак, наборите, текстурата на материјалот, како и асиметричноста се доволни елементи кои го прават примамлив за око, а и на тело. Во комбинација со сандали со украсни камчиња кои се апсолутен хит сезонава, како и мини чанта со сребрени елементи, ќе ѝ даде дополнителен сјај на комбинацијата која е безвременска и во која секогаш ќе изгледате добро.

 

Металик фустан во сина нијанса

фустан: 16.000 денари;  сандали: 2.600 денари; прстен: 990 денари;

Ако сте од оние што преферираат парчиња што не можат да ги најдат баш секаде, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Металик нијансите се популарни, а овој фустан одлично ќе се вклопи и во тој тренд. Освен поради ледената сина нијанса, нам ни се допаѓа и пораи комбинацијата на сјај и мат материјал, како и поради умешно направените детали во кројот и деталите, што го прават навистина уникатно дизајнерско парче. Во комбинација со сандали со ремче и впечатлив прстен, ќе бидете вистинска модна ледена кралица која ќе мами погледи. И без разлика на трендовите, каде и да се појавите во вакво парче ќе изгледате интересно и несекојдневно.

 

Црн фустан со пуф-ракави

фустан: 6.500 денари; црни сандали: 2.400 денари;  сребрени влечки: 2.600 денари;

Уште една варијанта на омилениот црн фустан, но овој пат со фантастичен детаљ - волуменозни пуф ракави. Направени се од транспарентна ткаенина со кариран дезен, уште еден моден погодок, ако гледаме на листата трендови. Фустанот ја следи линијата на телото, која дополнително можете да ја нагласите со сандали на висока потпетица во црна нијанса или пак влечки во сребрена нијанса.

 

Црвен фустан со впечатливи детали

фустан: 16.000 денари; шнола: 540 денари; сандали: 2.400 денари;

За оние што сакаат доза на страст, љубов и сексапил, ова е одличен избор! Фантастичната црвена нијанса е сама по себе доволна ако сакате да привлечете внимание. Но, овој фустан има специфичен крој и детали што уште повеќе ја нагласуваат неговата впечатливост. Отворот од едната страна на рамото внесува дополнителна доза сексапил, а наборите кај половината ја прават фигурата визуелно уште повитка. Додадете интересна шнола и сандали на висока потпетица како на фотографијата и ќе го постигнете саканиот ефект.

 

Минт фустан со впечатлив ремен

Фустан: 12.000 денари; палто: 6.600 денари;

Минт е веројатно меѓу најпопуларните три нијанси за сезонава, така што изборот на овој фустан само по бојата ќе ви донесе модни поени. Наборите во струкот го нагласуваат уште повеќе, а широките прерамки исто така со набори го прават уште поинтересен. На средината има и ремен во пастелни нијанси со украсни камчиња за дополнително нагласување на фигурата. Ако сакате посведена варијанта, тогаш додајте и палто со нагласени раменици и и набори во делот кај џебовите. Сандали во неутрална беж нијанса или во некоја од пастелните од ременот ќе бидат успешно заокружување на вашата модна приказна.

Секси фустан во тегет нијанса

фустан: 7.700 денари; сандали: 2.600 денари; шнола: 360 денари;

Ако сакате смели парчиња облека, ова несомнено ќе ви го привлече вниманието. Во предниот дел, фустанот изгледа како да се работи за горен дел и здолниште. Предниот дел е умешно направен така што има шнирање со широки ленти, кои не ја загрозуваат пристојноста. Долниот дел е широко здолниште кое нуди максимална удобност. Задниот дел пак на фустанот е со отворен грб и ластик, со што лесно се прилагодува на телото и ви нуди доволно сигурност при носењето. Одбравме сандали во виолетова нијанса за дополнителен ефект, а од модните додатоци наш предлог е и оваа шнола што се вклопува во остатокот од стајлингот.

 

Долг фустан со цветен принт

фустан: 14.000 денари;  сандали: 2.600 денари;

На крајот, за оние на кои им недостасува доза гламур, нашиот предлог е овој фустан кој спојува неколку пролетни трендови - сјај, цветн принт и пастелни нијанси. Спојот на овие нешта е направен совршено. Сјајот дополнително ќе ја нагласи силуетата и облините кои кројот на фустанот ги става во преден план. Грбот е отворен и ја дава потребната доза на сексапил и провокативност. Предниот дел е затворен, што сосема соодвествува на правилото за умереност, а задниот дел има дополнително парче кое ќе овозможи леснотија при движењето. Искомбинирајте го со сандали во некоја од нијансите кои ги има, ние ја одбравме розовата и изгледајте впечатливо, пролетно и гламурозно!

 

Креациите се достапни на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во салоните во Капиштец, ГТЦ на први кат и населба Аеродром.

Објавено:
31 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.616 пати
Тагови: 
Елена Лука