Ретро тренд кој го носиме во лето
•
9 јули 2013
Ова лето можете да си го дозволите тоа задоволство да си поиграте малку со ретро трендовите. Побарајте во вашиот плакар некоја од оние винтиџ кошули кои им припаѓале на вашите баби и мајки. Облечете ја и заврзете ја во јазол високо над струкот. Така постигнувате еден кул изглед зачинет со лесен ретро призвук. Комбинирајте ги со тесни фармерки или откачен модел на панталони со шарен принт, а ако решите да ги споите со здолниште ќе изгледате женствено и секси.
Ова е идеален тренд за топлите денови, кој може навистина убаво да се прилагоди и стилизира како за дневен така и за вечерен изглед.