Изминатиов викенд еден од омилените ликови од ултра популарната серија „Game of Thrones“ Кит Харингтон или попознат како Џон Сноу, се ожени со неговата избраничка и колешка од серијата Роуз Лесли.

Двајцата актери судбоносното „да“ го кажаа во прекрасната историска Rayne црква во раскошен замок во Шкотска.

Сосема очекувано, на свадбата присуствуваа нивните познати колеги од серијата, а пред црквата се собраа и огромен број обожаватели кои ги поздравуваа додека пристигнуваа.

Софи Тарнер, која во серијата ја глуми полу – сестрата на Џон Сноу, изгледаше секси во кус црвен фустан и црни чизми, додека нејзината колешка Мејси Вилијамс се одлучи за свилен црн комбинезон.

Прекрасната актерка Лесли Роуз изгледаше навистина шармантно во венчаница на Ели Сааб, специјално направена за неа.

Двојката се запозна на снимањето на серијата во 2012 година, а по две години актерката си замина, додека Кит Харингтон стана еден од најпознатите ликови.

Погледнете ги највпечатливите фотографии од една од најраскошните свадби за годинава.

Објавено:
25 јуни 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.363 пати