Среда во карирано фустанче
•
22 август 2018
За оваа среда одбравме фустанче во кариран принт. Со оглед на убавото и топло време, фустаните се идеално парче за сите пригоди, па затоа и се наш чест избор.
Денешниот предлог е всушност кошула фустан. Интересен е поради принтот, но и карнерот во предниот дел, како и тоа што има ракави, а откриени раменици.
Го комбинираме со црно ранче, рамни црни чевли и очила за сонце.
Доколку сакате бои, додадете моден додаток во некоја интензивна боја и внесете динамика.
Имајте убав ден!