Сабота во тексас фустанче
•
1 септември 2018
Викендот започна, а тоа за нас значи релаксација и мал одмор. Токму затоа и нашата денешна комбинација е лежерна и совршена доколку планирате прошетка, средба со пријатели или некоја релаксирана забава.
Предлогот за денес е тексас фустанче на прерамки, кое го комбинираме со патики. Иако, на фотографијата нема други парчиња, вие можете да го искомбинирате со обична бела маичка или топ.
Комбинацијата е заокружена со шапка и очила за сонце, а вие можете да додадете и ранче или некоја помала чанта и подготвени сте да уживате во викендот!
Имајте супер релаксирана сабота!