Фантастични понуди за претстојната зима од Терра Травел СКАЈ

17 септември 2018

Иако се чини дека летото сè уште е во полн ек, зимата ќе дојде многу брзо, па сега е совршено време да се подготвиме и да го резервираме најдобриот одмор досега.

Туристичката агенција Терра Травел СКАЈ секогаш ги има најдобрите аранжмани, а тоа е и случај за претстојната зимска сезона каде повторно ќе можеме да уживаме во прекрасните Копаоник и Стара Планина во Србија, секогаш омиленото Банско, Боровец, но и во магичните Италија, Австрија и Словенија.

Она што ќе ги израдува сите оние кои едвај ја чекаат зимата, е тоа што во Терра Травел СКАЈ ве очекуваат попусти и до 30 проценти за рана уплата за нивните пакет аранжмани за зимување.

Како и секоја година, така и оваа, агенцијата нуди огромен избор на неверојатни хотели од кои може да одберете и да уживате во вашите заслужени денови одмор и скијање.

Во пресрет на празникот 11 – ти октомври, Тера Травел се погрижи максимално да ги искористиме топлите денови и создаде понуди кои не смеете да ги пропуштите.

Уживајте во последните топли денови на најголемиот остров во Грција и еден од омилените – Крит,  овојпат со фантастичната понуда на агенцијата со организиран авионски лет, сместување во прекрасни хотели на база се вклучено и трансфер до истите.

Подеднакво привлечна е и понудата за магичните Родос и Санторини кои се едни од омилените острови, полни забава, уживање и спектакуларни погледи.

Секако, ако сакате нешто повеќе и не можете да се збогувате со омиленото лето или пак ако неодамна правевте свадба и го сакате совршениот меден месец, во Терра Травел СКАЈ ќе ги најдете најдобрите програми за егзотични дестинации.

Откријте ги убавините и уникатноста на далечните и секогаш посакувани Тајланд, Малдиви, Доминикана, Куба, Мексико и мистичното Мароко.

Аранжмани и цени кои не се пропуштаат, овие дестинации преставуваат совршен избор за една нова незаборавна авантура на која ќе откриете нови култури и ќе создадете незаборавни спомени.

Овие дестинации се совршен избор за квалитетно да го поминете вашиот меден месец, да откриете нови култури и да создадете незаборавни спомени и тоа со аранжмани и цени кои не се пропуштаат.

 Секако, не заборавајте да се забавувате и додека сте во Скопје и задолжително посетете ја канцеларијата на Тера Травел на улица Македонија каде ексклузивно ќе ги најдете картите за сите концерти организирани од Авалон  продукција.

Засега, оттаму гарантираат одлична забава со познатиот и секогаш магичен Том Одел, секогаш спектакуларните 2Cellos, единствениот Лени Кравиц и секако, италијанскиот заводник Ерос Рамазоти кој ќе имаме можност да го гледаме во септември следната година.

*Спонзорирана објава

Објавено:
17 септември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
599 пати