Ова се новите модели на чизми-патики од Најк

4 декември 2013

 

Ако се уште не сте ги купиле чизмите што ќе ве згреат оваа зима, брендот за спортска опрема „Најк“  ги лансираше новите модели на чизми-патики Poler X и Vapen Premium. Направени се со редизајнирање на постоечките модели на патики, но изработени од материјали што 100% не пропуштаат вода.

 

Револуцијата на Најк за 2014 година го носи насловот „Lunar Terra Arktos Boot“, за која од Најк велат дека овие спортски чизми нудат најголема сигурност за зачувување на топли и суви нозе. Инаку, интересно е што се направени во два дела, едниот е во вид на чорап патика, која дава дополнителна заштита, можете да ги носите одвоено, но оние во улога на чорап се за топло и суво време.

 

Објавено:
4 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци