Официјален старт на колекцијата потпишана од Тиши за Најк

17 март 2014

Инспирирана од идолот на многу генерации, кошаркарската ѕвезда Кевин Дурант, Најк официјално ја претстави новата колекција насловена „R.T. Air Force 1“, која ја дизајнираше креативниот директор на модната куќа Живанши, Рикардо Тиши.

Дизајнот на обувките вклучува племенски дезени, симбол за почит кон кошарката како игра, а во изработката се користени висококвалитетни кожени материјали, кои треба да ги засилат перформансите на функционалност и издржливост кај самите патики. Новата линија која  ја изработи Тиши, како резултат на неговата голема пасија кон овој спорт, ќе се најде во официјална почнувајќи од 21 март.

Колекцијата се фокусира на неколку модели патики како „Air Force 1 Lo“, ниски патики под глуждот, па моделот до глужд „Air Force 1 Mid“, надополнет со украсно ремче и моделите „Air Force 1 Hi“ и „Air Force 1 Boot“, кои се специјално дизајнирани спортски обувки за да се носат како замена за чизми во зима и се  до колена.

Објавено:
17 март 2014
Категорија: 
Актуел