Рикардо Тиши креираше колекција за Најк

25 јануари 2014

Колекцијата ќе биде лансирана два пати и тоа во бела нијанса на 1 март и во црна на 1 април. Покрај четирите модели на тренерки, креативниот директор на Живанши кој прв пат соработува со спортски бренд, изработи и интересни модели на патики повторно според најпознатиот модел на Најк.

„Моделот на патики е универзален, а сепак е дел од персоналниот стил. Патував низ целиот свет и видов голем број на луѓе кои го носат моделот Air Force 1 на различни начини и дојдов до заклучок дека тој не е определен според припаѓањето на одредена генерација или општество, туку дела е дел од личниот стил на поединецот“ – изјави Рикардо Тиши.

Објавено:
25 јануари 2014
Категорија: 
Актуел