Несекојдневни и футуристички   се патиките и влечките од новата линија на спортската етикета Најк.

Имено се работи за патики со метален сјај кои  се прелеваат во повеќе нијанси, како и два модели на влечки во златна и сребрена  варијанта од колекцијата насловена „Liquid Metal".

Сличен беше и ефектот на веќе познатите и ултрапопуларни модели Air Max 1 и Lunar Force, па сега веројатно водени од успешната продажба на истите, овој „трик“ е искористен и кај новите модели.

Колекцијата ќе биде достапна за фановите на Најк од 14 август.

Објавено:
12 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци