Најк патики што ќе бидат вистински хит оваа есен!

15 септември 2014

Викендов конечно беше презентирана последната колекција од низата соработки на италијанскиот моден дизајнер Рикардо Тиши и спортскиот бренд Најк, а воопшто и не се сомневавме дека резултатот е и повеќе од одличен.

Третата колекција е насловена како Air Force 1 Collection, а презентацијата на истата се случи вчера во Мадрид во рамки на финалето на Светкото првенство во кошарка каде САД извојуваа победа над Србија.

Нивните претходни две колекции беа целосно во бела и црна боја, додек оваа последнава е комбинација од беж, црна и бела боја.

Колекцијата е составена од четири модели направени од висококвалитетна кожа во беж боја, комбинирана со бел ѓон и црно – сиви детали во горниот дел и во делот кај знакот на брендот.

Целата колекција беше презентирана на ексклузивна забава во La Terraza del Casino de Madrid, а на истата беа присутни прекрасната Сиара и големиот Педро Алмодовар, но и бројни обожаватели на производите на брендот и дизајнерот.

За сите љубители на брендот, целата колекција ќе биде достапна во сите продавници ширум светот од 16 – ти Октомври.

Објавено:
15 септември 2014
Категорија: 
Актуел