Првите луѓе на модната куќа Прада одлучија последната кампања целосно да ја посветат на филмот и ангажираа еден од најдобрите светски режисери како заштитно лице.
Веројатно и вие ќе се изненадите за изборот, со оглед на тоа што тој прв пат се појавува во улога на модел, а се чини дека неговата нова улога им се допадна на сите.
Големиот Педро Алмодовар за прв пат се појавува пред камерите и тоа за потребите на модната куќа која ја презентира машката колекција за сезоната есен/зима 2017 година.
Доколку ја следите работата на модната куќа, ќе се сетите дека голем дел од нивните кампањи црпат инспирација од филмот или пак се посветени на филмската индустрија, а така е и во овој случај.
Кампањата овој пат ја направи познатиот моден фотограф Вили Вандерпер кој и досега неколку пати има соработувано со брендот.
Од модната куќа велат дека изборот на режисерот за заштитно лице на нивната нова кампања е сосема логичен избор, со оглед на тоа што тој важи за исклучително креативен и талентиран уметник, со неверојатна естетика и посебен начин на гледање кон светот.
Видеото во продолжение покажува краток сегмент од тоа како изгледа кампањата на брендот со фантастичниот Алмодовар во главната улога.
Фото: Прада