Србинката Антонина Петковиќ стана заштитно лице на Elite Model Look

14 ноември 2013

Манекенката Антонина Петковиќ откога во 2011 година беше откриена од изборот на Elit Model Look, постојано реди успеси во модната индустрија. Таа овој пат е прогласена за заштитно лице на Elit и тоа за целиот свет, односно ја краси најновата кампања на светско ниво. Првите модни чекори Антонина ги направи во Париз каде на прв поглед ја освои дизајнерката Вивијан Вествуд за која стана и модел. Многу набрзо ја ангажираа и во Милано, Лондон и Њујорк.

 

Оваа српска манекенка за само две години кариера стана заштитно лице и за брендот на Викторија Бекам и легендарниотТом Форд со кои всушност потпиша и договор за ексклузивност. Досега била дел од ревиите на Етро, Роберто Кавали, Риплеј, Зара, Страдивариус, Бершка и други.

Објавено:
14 ноември 2013
Категорија: 
Актуел