Новите Најк патики распродадени за само 11 минути
•
26 март 2014
После повеќе од месец дена одлагање, Најк конечно го претстави долгоочекуваниот дизајн на патики и тоа со потпис на Кање Вест. Откако веста беше обелоденета на Твитер страницата на брендот, сите патики се продадени за само 11 минути!
„Air yeerzy II red october“ или како што обожавателите на Кање знаат да ги наречат „Kanyeezy“, како што и самото име вели се во интензивна црвена боја. Калапот на петата е обликуван и евидентно инспириран од 'рбетот односно опашот на рептилите, а обувката се „затега“ со посебно дизајнирана лента која придонесува за симетријата на патиките.
Погледнете: