Среда во џемперче на пруги и џинс
•
26 септември 2018
Температурите деновиве се променија многу и време е да го средиме плакарот и да ги извадиме најубавите џемпери и блузички на долги ракави.
Денеска носиме топло џемперче на пруги со панделка во пределот на грбот и го комбинираме со шик фармерки со висок струк.
Времето сè уште дозволува да носиме некои отворени чевли, па во оваа комбинација денеска совршено ќе се вклопат овие црни чевли со потпетица и отворена пета.
Чантата денеска е во прекрасна кафена боја и изгледа одлично со останатите бои во комбинација.
Имајте прекрасен ден и уживајте во сонцето!