Веќе знаете дека оваа есен вистински хит се кожените панталони, па денеска носиме комбинација во која главниот акцент е ставен на нив.

Стилските кожени панталони ги комбинираме со едноставна бела ролка, бидејќи температурите денеска се малку пониски од останатите денови, па време е да ги извадиме топлите парчиња од плакарот.

Комбинацијата надополнете ја со интересна тексас јакна во црна нијанса и шик чантичка во светло кафена боја.

Од модни додатоци денеска носиме сребрени обетки и црни очила за сонце, бидејќи се чини дека ќе уживаме во сонцето во текот на целиот ден.

 

Објавено:
25 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
949 пати