Првиот ден од работната недела повторно го дочекавме со прекрасно сонце кое секогаш инспирира да ја пронајдеме вистинската комбинација.

Денеска носиме шик здолниште со интересен црно – бел принт и го комбинираме со нежно џемперче во сина нијанса.

Утрата се навистина свежи, па комбинацијата надополнете ја со едноставно сиво капутче и чевли на потпетица во иста нијанса.

Чантата е во сина нијанса и во супер тренди облик и совршено одговара на целата комбинација.

Објавено:
15 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
914 пати