Практични идеи за уредување мали кујни

26 октомври 2018

Да се уреди мала кујна е предизвик, но истовремено ве учи како да бидете креативни и практични – како рационално да го искористите секој сантиметар од просторот.

Прво на што треба да се размислува е позиционирање на базичните елементи, педантен распоред и лесна достапност на кујнскиот прибор.

Во таа насока, максимално ќе ви помогнат отворените полици што ви озможуваат голема прегледност. На ѕидот секогаш може да закачите неколку закачалки што ќе ви бидат од значајна помош, а во модерното уредување на кујните особено се става акцент на теглите со различни големини во кои може да чувате намирници или ситни предмети што секогаш се потребни да ви бидат при рака.

Уште една интересна идеја што ќе ви помогне да постигнете впечатлива естетика, е комбинацијата на отворени и затворени полици или такви со матирано стакло.

Малите масички и столови на расклопување ќе ви заштедат простор, исто како и поличките на тркала.
Во продолжение погледнете ја галеријата со фотографии што дополнително ќе ве инспирираат како да ја организирате вашата кујна.

Фото: Пинтерест

Објавено:
26 октомври 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.026 пати