Тренд аларм: Црвен блузон за кул спортски изглед

2 ноември 2018

Оваа сезона спортските парчиња се сè поомилени, па денеска ви презентираме едно токму такво. Станува збор за впечатлив црвен блузон од SuperDry кој може да го комбинирате со многу други парчиња.

Носете го со едноставни тесни или широки фармерки, во комбинација со шик јакна, со патики, чизмички и што уште не.

Во случајов, ние го носиме само блузонот, што исто така е кул варијанта доколку имате малку повеќе храброст и секако, времето е на ваша страна.

Од истиот блузон, ќе најдете и куса варијанта која е совршена комбинирана со светли фармерки со висок струк и едноставни бели патики.

Изработен е претежно од памук, па така ќе биде ваш сојузник и во студените денови, доколку го комбинирате со парка или некоја подебела зимска јакна.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Блузон: SuperDry

Модел: Миа Симоновска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
2 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
588 пати