Иако медиумите веќе пишуваа дека таа се омажи за нејзиното момче Бред Фалчук во септември, познатата актерка Гвинет Палтроу не ја потврди веста, сè до пред некој ден.
Имено, на Инстаграм профилот на нејзиниот бренд Goop таа објави серија фотографии на кои можеме да ја видиме облечена во романтична венчаница на Валентино во која изгледа навистина прекрасно.
Од другите објавени фотографии можеме да ја видиме атмосферата од венчавката која се одржала на 29 – ти септември во нејзиниот дом во Ист Хемптон.
На една од фотографиите можеме да ги видиме и нивните ќерки, Епл на Гвинет и Изабела на Бред, облечени во идентични фустани на Моник Лулие извршувајќи ја функциојата на деверици.
„Ми требаше малку време да се соберам, но еве дел од атмосферата од најдобриот ден во нашиот живот, за сите оние кои бараа“, напиша таа под фотографиитe.
Нејзиниот сопруг, за свечената церемонија одбра сив костим на Том Форд кој го украси со малку потемна вратоврска, бела кошула и впечатлив цвет кај реверите.
По завршувањето на церемонијата, како што откри актерката тие заминале на краток меден месец во Италија и Франција пред да се упатат кон Лондон за таа да ја отвори првата интернационална продавница на нејзиниот бренд Goop.
Извор: Vogue, Who Magazine
Фото: Instagram