Нова ѕвезда на дизајнерското небо: Гвинет Палтроу ќе лансира колекција во 2015!

8 октомври 2014

Шармантната актерка Гвинет Палтроу која ја лансираше нејзината лајфстајл веб страница и блог назад во 2008 – та година, на своите обожаватели им откри дека многу наскоро планира да направи колекција под закрила на нејзиниот бренд „Goop“.

Во фасцинантното модно портфолио на ѕвездата на Iron Man 3, досега се сместени соработки како онаа со големиот Мајкл Корс, Стела Мекартни и Метју Вилијамсон со кои креираше капсулни колекции под името на нејзиниот бренд Goop, но овој пат таа реши да направи нешто сама.

Според американските медиуми, актерката по лансирањето на сопствената колекција дефинитивно планира да ги продолжи соработките со светските дизајнери меѓу кои и Стела Мекартни и Диан вон Фурстенберг.

Гвинет Палтроу и Мајкл Корс Гвинет Палтроу и Мајкл Корс

Она што ги разбранува медиумите е најмувањето на поранешната извршна директорка на брендот на Марта Стјуарт, Лиза Герш за која Гвинет ќе каже дека е неверојатен лидер со фасцинантни визии.

„Таа е совршената личност која ќе го одведе брендот во вистинскиот правец и ќе го зацврсти она што досега го градеше Goop. Лиза ќе внесе и неверојатна позитивна енергија во брендот, благодарение на нејзиниот карактер и ведрина, а истата верувам и дека ќе ја пренесе на нашите клиенти и обожаватели“, изјави актерката.

Веднаш по најмувањето на Лиза, Марта Стјуарт упати остри критики кон брендот на Гвинет, посочувајќи дека ако Гвинет била самоуверена во однос на нејзината актерска кариера, не би сакала да биде Марта Стјуарт.

На ова, актерката изјави дека досега не и се случило никој да збори ништо лошо за неа, па била „шокирана и скршена“, но на шега посочи и дека ќе се обиде наскоро да „заздрави“.

Како што најави Гвинет, на самиот почеток, во нејзината колекција ќе бидат вметнати лесни и лежерни секојдневни парчиња, производи за убавина, но и по некое парче за домот.

Објавено:
8 октомври 2014
Категорија: 
Сцена