Гвинет Палтроу ја изнајмува својата куќа и домаќински ги пречекува гостите

12 август 2023

По актерот Сет Роген, следна на листата холивудски ѕвезди што го отвора својот дом за посетители е Гвинет Палтроу.

Куќата која што Палтроу ја поседува во Монтесино, Калифорнија ќе биде достапна за изнајмување еден викенд во септември. Оние кои ќе имаат можност да престојуваат таму ќе бидат топло пречекани од самата домаќинка.

Палтроу поседува свој велнес бренд наречен goop, а филозофијата којашто стои зад него е инкорпорирана и во уредувањето на домот.

Местото е замислено како простор за медитација, мир и релаксирање, а изобилува со земјени тонови и минималистички, но сепак луксузни детали коишто поттикнуваат опуштеност.

Во домот на Гвинет ќе можат да отседнат двајца, а актерката ќе ги пречека на самиот влез и ќе им направи една мала тура низ зен просториите..

Гостите ќе можат да уживаат и во производи за нега од брендот на Палтроу, за кои, како што и таа вели, ќе им го нахранат телото, умот и душата.

Освен тоа ќе има и водени сесии на медитација како и goop оброци.

 Фото Airbnb

Објавено:
12 август 2023
Категорија: 
Сцена