Видео: Палтроу и Корс со божиќно видео го прославуваат лансирањето на заедничката колекција

Холивудската актерка Гвинет Палтроу и несомнено еден од најпознатите дизајнери на денешницата Мајкл Корс, направија празнично видео со кое ја прославуваат нивната прва заедничка божиќна колекција. Специјализираната едиција која е инспирирана од омилените парчиња на актерката кои го носат потписот на Корс, е наменета за продажба преку веб платформата на Палтроу, Goop.

Заедничката колекција вклучува различни модни парчиња, од удобни и топли зимски капчиња, елегантен накит до класични женски чанти.

Погледнете како двајцата пријатели и соработници во празничен амбиент ја прославуваат својата премиерна соработка на вакво ниво.

Објавено:
6 декември 2013