Гвинет Палтору и Мајкл Корс заеднички ќе дизајнираат божиќна колекција

12 октомври 2013

Холивудската актерка која важи за една од најдобро облечените, Гвинет Палтроу заедно со дизајнерот Мајк Корс ќе креираат празнична божиќна колекција која ќе се продава на веб странциата на актерката, groop.com. Линијата е инспирирана од личниот стил на Палтору и од нејзините омилени парчиња од колекциите на Корс.

„Облеката која ја дизајнира Мајкл едноставно е совршена, класика која останува вечна. Мислам дека е одлична идејата заеднички да ги реинтерпретираме моите омилени парчиња кои тој ги има дизајнирано“, вели Палтроу по повод идната соработка.

Очекуваме празнично изненадување од ова актерско-дизајнерско дуо.

Објавено:
12 октомври 2013
Категорија: 
Актуел