Најсреќниот ден од неделата го дочекавме со сонце и претежно ниски температури, а се чини дека така ќе остане и следните денови.

Студеното време не значи дека треба да заборавиме на здолништата, туку напротив, да ги комбинираме со топли зимски парчиња.

Денеска носиме кусо крем здолниште во комбинација со бела топла ролка и црно стилско капутче.

Комбинацијата надополнете ја со соодветни хулахопки и шик црни чизми и секако, чантичката што ја обжавате.

Имајте убав сончев ден!  

Објавено:
19 декември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
607 пати