Моделот Хелена Кристенсен (49) вчера на својот Инстаграм профил објави селфи фотографија со Дејвид Бекам (43) и тоа беше доволно Инстаграмот да полуди.
За неполни 12 часа, фотгорафијата има речиси 20.000 лајкови, но и стотици коментари.
View this post on Instagram
И покрај тоа што поранешниот фудбалер е 19 години во брак со Викторија Бекам, тоа не ги спречи луѓето да коментираат дека тој и Хелена се совршен пар.
„Прекрасен пар!“, „Ова се најубавите луѓе на светот“, „Вие двајца сте совршен пар“, „Неверојатно“, „Колку би било добро да сте заедно“, „Совршени“, се само дел од коментарите.
Инаку, неодамна фудбалерот ја придружуваше сопругата на Британските модни награди, а фотографијата беше лајкувана од милиони.
View this post on Instagram
Исто така, на профилот кај Дејвид Бекам изобилуваат семејни фотографии кои кажуваат дека во домот на Бекамови е сè подготвено за Божиќ.
View this post on Instagram