Сите ги сакаат новите чизми на Изабел Марант

8 јануари 2019

Речиси и да нема парче од модната куќа и дизајнерката Изабел Марант што не станало вистински хит за многу  кратко време, а се чини дека и за овие чизми случајот ќе биде ист.

Познатата дизајнерка во едно интервју ќе каже дека таа секогаш дизајнира како за себе, а судејќи според нејзиниот стил и успех, досега не погрешила.

Таа е особено успешна во дизајнирањето на обувки, а оваа зима од нејзината работилница доаѓа уште еден кул чифт чизми кои за кратко време станаа едни од најбараните.

Чизмите го носат името „Lisboa“ и се едни од најпопуларните од нејзината последна колекција за брендот, а во моментов во понудата има три модела – класични црни и два модела со змиски принт.

Истите имаат интересна потпетица и се одлични за комбинирање во секојдневието, бидејќи се навистина лесни.

Цената на овие чизми изнесува околу 700 евра, а можете да ги најдете на страницата на брендот и уште неколку други онлајн продавници.

Инфо и фото: Buro 24/7

Објавено:
8 јануари 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
290 пати