Најсреќниот ден од работната недела го дочекавме со снег во градот, а се чини дека ќе се задржи во текот на целиот ден.

Денеска треба добро да се заштитиме од студот, па затоа носиме комбинација што вклучува топли парчиња.

Одберете стилски фармерки во сива нијанса и комбинирајте ги со едноставна бела ролка и топла сива волнена јакничка.

Чизмите и чантата се црни, а задолжително во комбинацијата вметнете и капа и секако, чанта во која ќе ви собере сè што ви е потребно.

Уживајте во снегот!

Објавено:
9 јануари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
628 пати