Денешната комбинација ја боиме во сини нијанси. Со оглед на тоа дека студеното време сè уште доминира, одбравме топла зимска комбинација.

Нашиот предлог се црно-бели карирани панталони кои ги комбинираме со црна топла ролка.

На тоа додаваме син капут со ремен и џебови. Чизмите се со висока потпетица и интересен детаљ.

Комбинацијата ја заокружуваме со чанта во слична нијанса на капутот. 

Вие ставете го омилениот кармин и можеби капа или шешир и имајте одличен ден!

 

Објавено:
15 јануари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.022 пати