Едвај го чекаме „Берлин, те сакам“

За сезонава што доаѓа најавени се многу интересни филмови што едвај чекаме да ги погледнеме, а меѓу нив дефинитивно е и „Berlin, I love u“ во кој во главните улоги се појавуваат многу познати актери.

За овој филм критичарите ќе кажат дека мора да го погледнете и дека два часа ќе уживате во приказна која ќе ве одведе во прекрасен свет, во Берлин каде ќе сакате да останете засекогаш.

Сосема очекувано, филмот ќе ве натера да пуштите и по некоја солза и ќе ви раскаже прекрасни љубовни приказни што ќе сакате да ги раскажете одново и одново.

Во филмот ќе ги видите фантастичните Кира Најтли, Хелен Мирен, Мики Рурк, Џена Деван Татум и други познати актери.

Премиерата на филмот се очекува на осми февруари, а додека го очекуваме, погледнете го трејлерот.

Објавено:
22 јануари 2019
Прегледно:
333 пати